ГВИНЕТ ПАЛТРОУ СЕ ОМАЖИ ПО ВТОРПАТ, НО ПРВПАТ НАПРАВИ ВЕНЧАВКА

Њујорк, (Харперс базар)

Оскаровката Гвинет Палтроу се омажи за телевизискиот продуцент Бред Фалчук, неколку дена пред да наполни 46 години.

Венчавката се одржала во дворот на нејзиниот 5,4 милиони долари вреден имот во Хемптонс, а меѓу гостите имало и голем број имиња од холивудската А-листа, како Стивен Спилберг, Роберт Дауни Џуниор, Роб Лоу и Камерон Дијаз. Пробната вечера за младите во петокот ја организирал комичарот Џери Сајнфелд.

Палтроу има две деца од претходниот, 12-годишен брак со музичарот Крис Мартин, од кого се разведе пред две години, но останаа пријатели. Ова е втор брак и за Фалчук, кој се разведе во 2013 година.

Палтроу и Фалчук се запознаа во 2010 година, кога таа гостуваше во серијата „Сјај“, но врската ја почнаа четири години подоцна. Тие ја објавија свршувачката во јануари годинава со специјална фотосесија за магазинот „Гуп“.

„Многу сум возбудена околу сè! Никогаш досега не сум имала венчавка. Иако имам 45 години, се чувствувам како да ми се 21“, изјави тогаш Палтроу, која се омажи за Мартин во хотелска церемонија.