Ќерката на поранешниот американски претседател Барак Обама, Малија, се појави во музички спот на групата „Њу Дакотас“ од Бостон.

Поголемата ќерка на Барак и Мишел Обама пее и свири хармоника во спотот за песната „Одење по воздух“ на групата која е во подем. Нивните песни допрва стануваат популарни на музичката платформа Спотифај, а нивното последно видео има 1.500 прегледи на Јутјуб.

Членовите на бендот студираат на универзитетот Харвард, каде што и Малија Обама е на втората година од студиите.

Медиумите го оценуваат нејзиното појавување како доста необично, со оглед на тоа што и Малија и нејзината сестра Саша беа подалеку од очите на јавноста, додека нивниот татко ја водеше најмоќната држава на светот.