Живот во изолација особено тешко им паѓа на оние кои навикнале да трчаат. Сепак, тоа не спречи италијански маратонец да трча цел ден и притоа да не излезе од дома.
Џанлука ди Мео, 45-годишен тркач од Болоња, одлучил на балконот на својата куќа во Падова да истрча дистанца рамна на маратон. По седум часови трчање и свртени 6.000 кругови, тој ја поминал „целната линија“, но не застанал тука.
Ди Мео, кој пред три години победил на трка на 150 километри во финскиот град Рованиеми, на крајот ја исполнил и својата втора цел – да истрча 100 километри на 8,8 метри долгиот балкон. Тој го комплетирал подвигот истата вечер во 22 часот, по речиси 18 часови трчање.
„Ова за мене не е балкон. Му приоѓам со истиот дух како на сите авантури во природа. Без разлика на ситуацијата, секогаш треба да се има срце“, изјави Ди Мео за весникот „Кориере дело спорт“.