Денеска (27 ноември) во 19 часот, во Националната галерија Чифте амам ќе се отвори изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“, што ја организираат Францускиот институт во Скопје, галеријата „Остен“ и Чифте амам. Изложбата ќе ја отворат францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија.
Колекцијата на Остен музејот содржи повеќе од 15.000 дела од 3.000 уметници од над 80 земји: слики, цртежи, графики, скулптури, предмети и керамики. Делата во музејот се поделени во национални колекции, од кои француската е меѓу најзначајните и најбројни, со 200 уметници.
Изложбата е во рамките на прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје.