Улично насилство, киднапирања, убиства и корупција се темите кои доминираа на годинашниот карневал во Рио, иако тој го носи епитетот на најголема забава на светот.
Првата награда на престижниот натпревар на училиштата за самба на популарниот Самбадром му припадна на „Беижа флор“, откако ја претстави земјата како огромен зол стаорец во кафез. Тој парадираше пред зградата на енергетскиот гигант „Петробрас“, кој беше вмешан во голем корупциски скандал, што доведе до апсење на низа политичари и директори.
Политичарите не се појавија на годинашниот карневал, еден од најполитичките досега, на кој главни мети на исмевање и критики беа претседателот Мишел Темер, бизнисменот и гувернер на државата Рио де Жанеиро, Луиз Фернандо Пезао и особено градоначалникот на Рио, Марсело Кривелја. Второпласираното училиште го претстави Темер како вампир.
„Беижа флор“ победи 12 други училишта и по 14. пат ја однесе главната награда.