ЌЕ СЕ СНИМА НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛАСИЧНАТА СЕРИЈА „МАЛА КУЌА ВО ПРЕРИЈАТА“

САД, (Пипл)

Повеќе од 40 години по завршувањето на серијата „Мала куќа во преријата“ по девет сезони во 1983, „Нетфликс“ објави дека ќе се снима ново продолжение. Според стриминг платформата, новата серија ќе биде семејна драма, а во еден дел од приказната ќе се зборува за потеклото на американскиот Среден Запад.
„Нетфликс“ додаде дека направиле свежа адаптација на полуавтобиографските книги „Мала куќа во преријата“ од Лoра Ингoлс Вајлдер.

„Мојот долгогодишен сон беше да го продолжам наследството на татко ми и да ги адаптирам класичните американски приказни на Вајлдер за публиката од 21. век на начин што ќе ги обедини обожавателите на книгите и на оригиналната телевизиска серија“, рече продуцентот Едвин Френдли, синот на продуцентот на оригиналната серија Ед Френдли.

Карен Грасл (фото), актерката од оригиналната екипа, рече дека не верува дека магијата на серијата од 1974 може да се надмине.

(Фото: Гети)