ЌЕ СЕ ВРАТАМ НА ТЕРЕНИТЕ НАЈБРЗО ШТО МОЖАМ, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА КОЛЕНОТО

Париз, (Би-Би-Си)

Новак Ѓоковиќ кажа дека ќе се врати на терените најбрзо што може, откако го оперираше повреденото десно колено. Тој се повлече од Ролан Гарос во вторникот поради скинат менискус, велејќи дека го влошил проблемот со коленото на лизгавата подлога.

Заздравувањето би требало да трае три недели, поради што Ѓоковиќ веројатно ќе го пропушти Вимблдон, кој почнува на 1 јули. Оваа повреда би можела да му ги наруши подготовките за Олимпијадата во Париз, за која кажа дека е еден од неговите приоритети за оваа година, бидејќи досега нема освоено олимписко злато.

„Среќен сум што можам да ве известам дека операцијата помина добро. Мојата љубов кон тенисот е силна и желбата да се натпреварувам на највисокото ниво е она што ме води“, напиша Ѓоковиќ на Икс.

Тој нема освоено ниеден турнир оваа година и в понеделник ќе го изгуби статусот на светски рекет број еден.

„Ќе дадам сѐ од себе да бидам здрав и подготвен за враќање на терените што е можно поскоро“, додаде српскиот тенисер.

(Фото: АП)