КЕЈТ БЛАНШЕТ СЕ ВРАЌА ВО ТЕАТАР ПО ШЕСТ ГОДИНИ ВО АДАПТАЦИЈА НА „ГАЛЕБ“ ОД ЧЕХОВ

Лондон, (Би-Би-Си)

Актерката Кејт Бланшет ќе му се врати на театарот за првпат по шест години, со улога во драмата на Антон Чехов „Галеб“.
Оскаровката ќе ја игра Аркадина во новата адаптација, во која ќе глуми и актерот Том Бурк. Претставата ќе се игра во театарот Барбикан во Лондон од февруари следната година. Режисерот на претстаата Томас Остермајер ја опиша Бланшет како „актерка која се случува еднаш во генерација“.

Новата адаптација ќе означи повторно обединување на Бланшет и Бурк, кои неодамна го завршија снимањето на претстојниот филм на Стивен Содерберг „Црна торба“ (Black Bag).
Остермајер за Би-Би-Си изјави: „Ја познавам и ѝ се восхитувам на Кејт многу години, и да ја гледам на сцената е секогаш привилегија. Воодушевен сум што ќе ја направиме нашата прва уметничка соработка со оваа продукција на ‘Галеб’ во Барбикан, и што Лондон ќе ја доживее оваа актерка која се случува еднаш во генерација во една од најголемите театарски улоги на Аркадина. Исто така, многу сум задоволен што соработувам со Том Бурк, кој ќе ја игра улогата на Тригорин“, рече режисерот.

Во претходната адаптација на „Галеб“ пред две години во Лондон глумеше актерката Емилија Кларк од „Игра на тронови“.
Бланшет последен пат настапи на сцената на Барбикан во 2012. Нејзината последна театарска улога беше во 2019 во претставата „Кога доволно се измачувавме едни со други“ во Националниот театар во Лондон.

 

Фото: Стивен Чи