ЌЕРКАТА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН РЕЧЕ ДЕКА СЕ ЛЕКУВАЛА ОД ХЕРОИН И АЛКОХОЛ

САД, (Гардијан)

Парис Џексон, ќерката на починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон, откри дека се лекувала од зависност од хероин и алкохол и дека пет години е трезна.

Во емотивна објава на Инстаграм, таа се опиша себеси како алкохоличар и зависник од дрога, притоа изразувајќи благодарност што се излечила од тие зависности.

„Одбележувам пет години како сум трезна и чиста од секаква дрога. Да се каже дека сум благодарна би било лош еуфемизам“, рече таа.

Дваесет и шестгодишната кантавторка е второто дете на Мајкл Џексон и медицинската сестра Деби Роу.

„Поради тоа што сум трезна, можам да се насмевнам денес и да правам музика. Се смеам и танцувам. Имам доверба во себеси“, додаде таа.