КИРК ДАГЛАС НАПОЛНИ 101 ГОДИНА, ПРВА МУ ЧЕСТИТАШЕ 98-ГОДИШНАТА СЕСТРА

Лос Анџелес, (Пипл)

Кирк Даглас денеска полни 101 година, а прва која му честиташе беше неговата сестра Ида, која има 98 години.

Актерската икона е родена во Амстердам на 9 декември 2016 година, а денес живее во околината на Лос Анџелес со сопругата Ен, со која е во брак од 1954 година.

Кирк ја повикал Ида ден порано, вели внуката Мерилин Гордон, при што двајцата разговарале преку видеоврска на Фејсбук.

„Си разменија честитки, а кога Ида запеа среќен роденден, тоа многу го трогна Кирк. Тие имаа можност да се видат и морам да ви кажам дека чичко Кирк е одлично. Ќе направат голема забава во негова чест“, откри Гордон.

Таа вели дека и покрај годините, и двајцата сѐ уште добро се држат.

„Мајка ми ќе полни 99 години, но добро ѝ оди. Тие имаа убав разговор и беа многу возбудени што се слушаат“.