КИРК ДАГЛАС НАПОЛНИ 102 ГОДИНИ – ВЕЌЕ НЕМАМ НЕИСПОЛНЕТИ ЖЕЛБИ

Њујорк, (ДПА)

Кирк Даглас денеска полни 102 години и вели дека тоа ќе биде одбележано со семејна забава, но додава дека на оваа возраст веќе нема неисполнети желби.

„Ќе има забава, само семејството и блиски пријатели. Ќе дојдат сите мои дечки, како и дел од внуците. Немам листа на желби за роденденот. Имав прекрасен живот и имам фантастично семејство. Благодарен сум за она што ми беше дадено“, вели холивудската легенда во интервјуто за агенцијата ДПА.

Неговите добри желби се однесуваат на целиот свет.

„Светот е во голем хаос. Сакам тој да биде побезбедно место за моите деца и внуци. Сакам луѓето да се однесуваат едни кон други со повеќе почит и љубезност, има премногу непријателство и поделеност“.

Тој откри и како му минуваат деновите на еден 102-годишник.

„Преку ден работам на мојата нова книга со мојата асистентка Грејс. Навечер, си седнуваме со жена ми и зборуваме како ни поминал денот и си раскажуваме приказни од минатото. Тоа го нарекуваме нашиот златен час“.

И за овој роденден, тој ќе си помуабети со 99-годишната сестра Ајда Сар преку видеоапликацијата ФејсТајм.