ГУШКАЊЕ СО КРАВА ЗА 75 ДОЛАРИ НА ЧАС – НОВ ВИД ТЕРАПИЈА ВО САД

Њујорк, (ДПА)

По Холандија, САД е втората земја кадешто фармите нудат гушкање со крави, како вид терапија за смирување.

Ова прво го воведе фарма од селото Битс во Холандија, велејќи дека „тоа овозможува смирувачки ефект и дава чувство на доверба“.

Од неодамна, и фарма во државата Њујорк нуди сесии на гушкање со крави, по цена од 75 долари на час за двајца. За тоа време, луѓето можат да ја чешлаат кравата, да се галат со неа или да ја гушкаат.

Фармата „Маунтин хорс“ ветува „забавно и многу релаксирачко искуство со јуниците“. Гостите, исто така, можат да се зближуваат и со коњите на фармата. Терапија во времетраење од 90 минути чини 300 долари.

„Кравите имаат телесна температура која е малку повисока од човечката, а нивниот срцев ритам е понизок од нашиот. Тие ќе почувствуваат дали сте среќни, тажни, нервозни, возбудени или изгубени и ќе ви возвратат без судење, его или планирање“, велат од американската фарма.