Доајенот на македонските театар и филм Коле Ангеловски почна со проби во Театар Комедија за претставата „Да живее долна дупка“. Текстот и режијата се негови, а играат Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Горан Ников.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Марија Ѓоргиевска, а музиката на Оливер Митковски.
Никола Ангеловски-Коле (1943) е филмски, телевизиски и театарски актер и режисер, сценарист и драматург. Првите актерски улоги ги имал уште како дете, а на филм дебитирал во 1962 во југословенскиот филм „Саша“ на Раденко Остоиќ. Дипломирал актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, а од 1967, па сѐ до пензионирањето работеше во Драмскиот театар во Скопје.