КОМЕДИЈАТА „ПРЕМИЕРОТ“ ОД ОГНЕН НЕДЕЛКОВСКИ ЌЕ ИГРА НА МАЛАТА СЦЕНА ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В понеделник (4 март) од 20 часот, во Македонскиот народен театар на малата сцена ќе се игра комедијата „Премиерот“. Улогите ги играат Сашо Ристовски, Магдалена Ризова-Черних, Бранко Атанасов и Ема Давчева.

Автор е Огнен Неделковски, а режијата и сценографските решенија се на Сашо Ристовски. Претставата е во продукција на театарот „Хит“.

 

„Претставата зборува за тоа како е да се биде премиер, што се случува тајно во премиерскиот кабинет, кој има амбиција да стане премиер и дали естраден уметник може да биде премиер? Интриги, комични ситуации, договори, кампања и уште многу нешта се прикажани во оваа комедија“, велат од авторската екипа.

 

Фото: Една од главните улоги ја игра Магдалена Ризова-Черних