Актерот Крис Прат и неговата десет години помлада сопруга Кетрин Шварценегер го чекаат второто дете.
Тие се венчаа во јуни 2019 и веќе се родители на 16-месечната ќерка Лајла Марија, додека Прат има и деветгодишен син од првиот брак со актерката Ана Фарис.
Откако стана мајка, Кетрин, која е ќерка на холивудската легенда Арнолд Шварценегер, објавува неделни епизоди за бебиња и мајчинство на Инстаграм.