ВО АВСТРАЛИЈА ОТКРИЕНО ПРВОТО СУШТЕСТВО СО НАД 1.000 НОЗЕ

Перт, (Гардијан)

Научниците велат дека во Австралија го откриле првото суштество со повеќе од 1.000 нозе. Видот со точно 1.306 нозе е пронајден 60 метри под земја во рударска област во сојузната држава Западна Австралија.

Истражувачите го нарекле видот Eumillipes persephone, во чест на грчката божица на подземјето Персефона. Ова суштество го собори рекордот на Illacme plenipes, откриено во централна Калифорнија, кое има 750 нозе.

„Овие животни се многу уникатни. Кога сфатив колку е навистина долго, знаев дека е нешто сосема различно“, изјави биологот Бруно Бузато.

Суштеството има долго тело поделено на 330 сегменти и кратки нозе. Како и другите животни кои живеат во постојана темница, слепо е и бледо.

„Малку знаеме за него, но би се обложил дека се храни со габи“, рече Бузато.