КРИС ПРАТ И КЕТРИН ШВАРЦЕНЕГЕР ДОБИЈА ЌЕРКА

Лос Анџелес, (АП)

Крис Прат и Катрин Шварценегер изјавија дека се „пресреќни“ за раѓањето на нивната ќерка.
41-годишната ѕвезда на „Одмаздници“ и „Чувари на галаксијата“ и 30-годишната писателка на книги за деца, преку нивните профили на Инстаграм објавија дека ја добија ќерката Лајла Марија Шварценегер Прат. Бебето е внука на холивудската легена Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер.

Прат има 7-годишен син од првиот брак со актерката Ана Фарис.
Прат и Кетрин беа во врска од летото 2018, а се венчаа во јуни 2019 на приватна церемонија во Калифорнија.