ЛЕДИ ГАГА И ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЌЕ НАСТАПАТ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН

Вашингтон, (АП)

Оскаровката Леди Гага ќе ја пее американската химна на инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари во Вашингтон. На свеченото положување заклетва на 46. претседател на САД музички настап ќе има и Џенифер Лопез.

Вчера беше објавено дека холивудската легенда Том Хенкс ќе биде водител на специјална, 90-минутна ТВ-емисија во чест на инаугурацијата на Бајден. Меѓу останатите ѕвезди кои се најавени на настанот се Џастин Тимберлејк, Џон Бон Џови и Деми Ловато.