ЛУЃЕ ОД ЕВРОПА ДОНИРААТ СПОМЕНИ ОД ПОРАНЕШНИТЕ ПАРТНЕРИ ВО МУЗЕЈОТ НА ПРЕКИНАТИ ВРСКИ ВО ЗАГРЕБ

Загреб, (Ројтерс)

Основан во 2006 во затскриена улица во близина на главниот плоштад во Загреб, Музејот на прекинати врски е омилено место за состаноци за љубовни двојки и пријатели, особено на 14 февруари, Денот на вљубените. Во музјеот има разни експонати кои потсетуваат на завршени врски, а за дел од нив посетителите велат дека се необични.

„Не се предметите, туку приказните се тие кои се интригантни, инспиративни и емотивни“, рече коосновачот на музејот Дражен Грубишиќ.
Во музејот, луѓето донираат лични предмети на поранешните партнери (Фото: Принтскрин)

За мене, ова е музеј за љубовта. Едноставно, можеби ќе имаме поинаков поглед на љубовта кога таа ќе заврши“, додаде тој.

Хрватски воен ветеран донираше простетска нога како спомен на неговата љубов со службеничка во Министерството за одбрана, која ја запознал за време на неговото лекување.

Турчинка донираше венчаница која никогаш не ја облекла затоа што нејзиниот иден сопруг починал еден месец пред церемонијата (Фото: Принтскрин)

Турчинка донираше венчаница која никогаш не ја облекла затоа што нејзиниот иден сопруг починал еден месец пред церемонијата. Еден човек донирал секира со која ѝ го исекол мебелот на поранешна девојка.

Книгата на британскиот хипнотизер Пол Мекена „Јас можам да те направам слаб“ е меѓу изложените предмети во музејот, донирана од жена која ја добила од нејзиниот партнер.
„Не ја купувајте оваа книга и не ја давајте на некој близок ако сакате вашата врска да трае“, рече Грубишиќ.