ЛУК ПЕРИ, ДИЛАН ОД „БЕВЕРЛИ ХИЛС 90210“, ПРЕТРПИЛ МОЗОЧЕН УДАР

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Лук Пери, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, се наоѓа во болница откако вчера претрпил мозочен удар во Лос Анџелес.

„Пери е во болница и неговата состојба се следи“, изјави негов претставник, не додавајќи други детали.

Педесет и двегодишниот актер се прослави како Дилан Мекеј во тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс 90210“, а последните три години е актуелен со серијата на „Нетфликс“, „Ривердејл“. На него му се слошило токму додека бил во Лос Анџелес за снимањето на серијата.

Ова се случува истиот ден кога беше објавено дека ќе се снима нова верзија на „Беверли Хилс 90210“ со дел од оригиналната постава од почетокот на 1990-ите. Засега не е потврдено дека ќе учествува и Пери, кој, исто така, е дел од новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.