МАЛИОТ ПРИНЦ ЛУИС ГО ПРЕСПА КРШТЕВАЊЕТО, КРАЛИЦАТА НЕ СЕ ПОЈАВИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Семејството на принцот Вилијам за првпат се појави во јавност во полн состав, а поводот беше крштевањето на најмладото дете, принцот Луис.

Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг војводата од Единбург не се појавија на приватната церемонија во Кралската капела во палатата Сент Џејмс во Лондон, но како што објави Бакингамската палата, тие решиле така пред некое време и нема врска со нивното здравје.

Малиот Луис, кој се роди пред 11 недели, спиеше во рацете на мајка му Кејт додека траеше обредот и таа кажа дека „бил многу опуштен и мирен“.

Принцот Луис има дури шест кумови и тоа се сѐ блиски пријатели на Вилијам и Кејт, кои на церемонијата дојдоа и со другите две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.