МАНЧЕСТЕР ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈЛУД ГРАД НА СВЕТОТ

Лондон, (Индипендент)

Кога се зборува за ноќен живот, најчесто прво на ум доаѓаат Ибица, Лондон и Берлин, но според истражувањето што го спроведе порталот MoveHub.com, „најлуд“ град на светот е Манчестер.

Тоа и не треба да чуди ако се знае дека овој град ја „измислил“ рејв културата во почетокот на 90-ите години и тој го зазеде првото место во истражувањето што опфати 112 градови, при што како критериуми, предвид биле земени број на ноќни клубови и просечно консумирање дрога и алкохол.

Манчестер може да се пофали со 818 места за ноќен живот на секои 100.000 жители, кои годишно трошат 2,3 тони марихуана. Исто така, тука се пијат 11,6 литри алкохол по глава на жител.

На второто место се најде Вашингтон, кој има 240 локали и тука се консумираат 1,03 тони марихуана на 100.000 жители, по што следуваат Мајами, Сиетл, Сан Франциско, Лидс, Денвер, Бостон, Париз и Лион.

Лондон се најде дури на 30. место, а во регионот, највисоко котира Загреб на 62. позиција, а Софија е на 88-тa.