На 17 и 18 септември, во Старата скопска чаршија од 19 часот ќе се одржува манифестацијата „Ритамот на чаршијата“, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.
Во Куршумли ан на 17 септември ќе настапи вокално-инструменталниот состав „Аманет“ (фото), а следниот ден во Чифте амам ќе се одржи концерт на класична гитара.
Од 16 до 22 септември трае Европската недела на мобилност, на која ќе учествува и ДКС „Карпош“ преку манифестацијата „Движи се за здравје“.