СОПРУЖНИЦИТЕ САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР И МЕТЈУ БРОДЕРИК ПРЕМИЕРНО ЈА ИГРАА ЗАЕДНИЧКАТА ПРЕТСТАВА ВО ЛОНДОН

Лондон, (Ројтерс)

Актерската брачна двојка Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик дебитираше во лондонскиот театар Вест Енд со комедијата „Апартманот плаза“. Паркер и Бродерик во претставата играат три проблематични двојки.

За „Ројтерс“, актерите изјавија дека им било задоволство да играат заедно во комедијата на Нил Сајмон. Претставата ќе биде на репертоарот до 13 април.

Двојката првпат ја играше „Апартманот плаза“ во Њујорк во 2020, па направи пауза за време на пандемијата. Претставата повторно почна да игра во 2022.

Паркер го имаше своето деби на Бродвеј на 11-годишна возраст, додека Бродерик има освоено две награди Тони.