МАРТИНА СПАСОВСКА ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ЛУЗНИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ, ГЛАСОВИ НА НАДЕЖ“ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (25 ноември) во 19:30 часот, во Музеј на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ на Мартина Спасовска, како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Настанот ќе има интерактивен карактер и ќе биде проследен со дискусија и со прикажување кратки видеа и документарни филмови.

„Делата на Спасовска како симболи на издржливоста можат да се гледаат како феминистички текстови сами по себе, секој од нив означувајќи артикулација на преживување, глас што се издигнува против замолчувачкиот ефект на траумата“, стои, меѓу другото, во рецензијата од Ана Франговска.

Спасовска е млада визуелна уметница, дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2023. Нејзините дела вклучуваат длабоки наративи кои ги истражуваат емоционалните и социјалните состојби на човекот.

Кампањата се одбележува под покровителство на Обединетите нации.