МЕГАН МАРКЛ ВО ФУСТАН ОД 56.000 ФУНТИ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОРТРЕТ

Лондон, (Дејли мејл)

Принцот Хари и Меган Маркл ги објавија официјалните портрети од свршувачката, еден месец откако објавија дека ќе се венчаат на пролет.

Двете фотографии се снимени оваа недела од познатиот фотограф на славни личности Алекси Лубомирски, кој има соработувано со голем број ѕвезди, како Џулија Робертс и Анџелина Џоли.

Фотографиите се направени во куќата Фрогмор, приватна кралска резиденција во рамките на замокот Виндзор и Меган на една од нив носи фустан од британската марка „Ралф и Русо“, вреден 56.000 фунти.

На другата фотографија, идната војвотка носи џемпер, за кој се верува дека е дело на модната компанија на Викторија Бекам.