„Металика“ објави дека донирала 1,5 милиони евра за хуманитарни цели во текот на својата летна европска турнеја.
Гигантите на хеви металот одржаа 25 концерти на европскиот дел од глобалната турнеја „WorldWired“ и во секој од градовите донираа одредена сума пари за точно одредена цел, вклучувајќи 250.000 евра за изградба на првата болница за детска онкологија во Романија. „Металика“ ја заокружи турнејата во германскиот град Манхајм, кадешто остави чек од 63.000 евра за организација која помага на млади бездомници.
„Им благодариме на сите кои присуствуваа на нашите европски концерти и кои ни помогнаа да донираме 1,5 милиони евра на локални хуманитарни организации во 25 градови“, објави групата на Твитер.
„Металика“ основа своја хуманитарна фондација во 2017 година, со цел да помага загрозени локални групи и услуги.