Славниот пејач на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, се свршил на 79 години со кореографката и балерина Мелани Хамрик, со која е во врска неколку години. Вакви шпекулации првпат се појавија откако 36-годишната Хамрик беше снимена како носи блескав прстен, за кој извори блиски на двојката потврдиле дека е свршенички.
„Мелани им се пофали на своите колеги во Њујорк дека се свршила со Мик. Сепак, тие не планираат венчавка во скоро време“, изјави неименуван извор за весникот „Мирор“.
Џегер е татко на осум деца со пет различни жени. Двапати се женел досега, со Бјанка Џегер и Џери Хол, од која се разведе во 1999.
Врската со Хамрик ја почнал по самоубиството на неговата претходна девојка Л‘Врен Скот во 2014 и имаше 73 години кога го добија синот Деверо Октавијан Бејзил во 2016.