Македонскиот народен театар на 28 септември ќе настапи на 23. издание на фестивалот Албански театар во Дебар со претставата „Лагата“, во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата играат Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.
Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
Фестивалската програма ќе трае до 30 септември. Во натпреварувачкиот дел ќе се играат седум претстави од театри од Македонија, Албанија и Косово.