Утре (2 март) од 11 до 16 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи модниот базар „Фер фешн“. Ќе се претстават повеќе од 20 изложувачи, со акцент на етичката и одржливa мода.
Ќе бидат прикажани рачно дизајнирана и веќе носена облека и рачно изработени накит и модни додатоци.
Целта на настанот, кој е со продажен карактер, е подобро да се запознаат малите производители, дизајнери, занаетчии и трговци. Влезот е бесплатен.