Момче од Белгија матурираше на осумгодишна возраст, откако ја комплетираше шестгодишната средношколска програма во рок од година и пол.
Лоран Симонс од Остенде, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, има коефициент на интелигенција 145 и дипломата ја зеде со клас на 18-годишници.
„Мојот омилен предмет е математика, затоа што е обемна, има статистика, геометрија, алгебра“, изјави Лоран за белгиското радио РТБФ.
По двомесечен летен распуст, тој ќе се запише на факултет.
„Мојот син малку се мачеше да се игра со други деца кога беше помал и никогаш особено не го интересираа играчки“, вели таткото на Лоран.
Тој размислуваше да биде хирург или астронаут, но сега вели дека најмногу го интересираат компјутери.
„Ако утре реши дека сака да биде столар, тоа нема да биде никаков проблем за нас, сè додека е среќен“, додаде неговиот татко.