МОТОРЏИИ ОБЛЕЧЕНИ КАКО ДЕДО МРАЗ ВОЗЕА НИЗ БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Во Битола за првпат Дедо мраз дојде на мотор во рамките на манифестаијата “Зимската приказна“, во организација на мото клубот „МК Конзули“ од Битола, поддржано од американско-македонската компанија, „Тaskforce“.

Моториџиите облечени како Дедо мраз возеа од влезот на Битола кон Прилеп, а многу битолчани го следеа овој уникатен настан.

„Ова е повеќе од обично дефиле на моторџии. Ова е спој на адреналин, насмевки и празнична магија што ќе ги освежи срцата на сите присутни. Oвој настан беше радост за децата и магија за сите нас“, рекоа организаторите.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

 

Фото: Зимска приказна