Кинеско-британската виолинистка Леја Зу ќе биде солистка на вечерашниот концерт во Филхармонијата насловен „Бедем“ (20 часот), на кој, како што е најавено, ќе се слави женската музичка енергија. Во прилот на ова е и тоа што ќе диригира Ребека Тонг (Индонезија/САД).
На репертоарот ќе бидат две дела од Бетовен (Концерт за виолина и оркестар и Симфонија бр. 7 во А-дур) и исто така премиерно ќе се изведат два става од „Robert’s Suite“ на македонската композиторка Бете Илин.
Зу, која е родена во англискиот град Њукасл, има само 16 години и музичката јавност ја опишува како чудо од дете. На локалната сцена дебитирала на само четири години, а до 12-годишна возраст веќе имала настапено во некои од најпрестижните концертни сали во повеќе од 20 држави.
(Фото: Фејсбук)