25 ГОДИНИ МП3, ФОРМАТ КОЈ ПРЕДИЗВИКА РЕВОЛУЦИЈА ВО МУЗИКАТА

Берлин, (ДПА)
FILED - Karlheinz Brandenburg, head of the Fraunhofer Working Group for Electronic Media Technology (AEMT) Ilmenau, developed the audio file format that turned the entire music industry upside down. Photo: Heinz Hirndorf/dpa

МПЕГ 1 е одамна заборавен, МПЕГ 2 сѐ уште може да се најде во некои стари телевизори, но МПЕГ 3, попознат како МП3, е она што направи револуција во музиката.

Тој се појави пред 25 години, во јули 1995, кога тим германски истражувачи пронајде начин како да компресира аудиоподатоци во помал документ што може полесно да се сподели преку интернет. Технологијата што ја развија во германскиот град Ерланген овозможи стотици песни да можат да се соберат во релативно мал тврд диск.

Еден од учесниците во проектот бил докторандот Карлхајнц Бранденбург, кој продолжил да го усовршува процесот на декомпресија сѐ додека неговата омилена песна „Tom’s Diner“ од Сузан Вега веќе не звучела ужасно. Moving Picture Experts Group (МПЕГ) не можела да се согласи околу една процедура, па стандардизирала три различни методи на слушање музика онлајн и преку дигитално радио.

Од нив, форматот .мп3 засекогаш ја промени музичката индустрија, што достигна врв на контроверзната аудиоплатформа Напстер, која преку ноќ овозможи музиката да се споделува преку интернет.

Денес, речиси сите стриминг платформи како Спотифај ја користат втората или третата генерација на звучниот код ААЦ, но .мп3 останува најпознат формат во дигиталната музика.