Музичките теми од филмовите за Џејмс Бонд остварија хет-трик на Златните глобуси и сега се во сличен поход на Оскарите.

Авторите на „Не е време за умирање“, Били Ајлиш и нејзиниот брат Финис О‘Конел, ја победија фаворизираната Бијонсе за златниот глобус за најдобра оригинална песна, со што ја продолжија низата по Адел („Скајфол“) и Сем Смит („Спектра“). Тие беа првите Бонд песни кои освоија златен глобус, а потоа стана и првите Бонд песни наградени со оскар.

Дваесетгодишната Ајлиш е најмладата пејачка која снимила песна за серијалот.