Мајкл Ленг, еден од креаторите на легендарниот музички фестивал Вудсток, почина на 77 години. Заедно со партнерите Арти Корнфилд, Џон Робертс и Џоел Розенман, Ленг го создаде фестивалот, замислен како „три дена мир и музика“, во лето 1969 во екот на Виетнамската војна, кога зголемениот број незадоволни млади Американци се оддалечи од традиционалните обичаи и прифати начин на живот кој ја слави слободата на изразување.

Околу 400.000 луѓе присуствуваа на фестивалот што се одржа 80 километри северозападно од Њујорк и го обележаа како километарски сообраќајни гужви и поројни дождови, така и легендарни настапи на 30-ина музичари и групи, како Џими Хендрикс, Карлос Сантана, „Ху“ и „Џеферсон ерплејн“.

„Од почетокот верував дека ако добро и од срце си ја завршиме работата, ќе создадеме нешто неверојатно, а луѓето ќе го откријат своето повисоко јас“, кажа Ленг своевремено.

Освен Вудсток, тој во 1968 организираше уште еден култен музички настан, Мајами поп фестивал.

„Многу фестивали се обликувани според Вудсток. Таму беше создаден ритуал што постојано се повторува“, кажа Ленг.