ПОТВРДЕНИ УШТЕ ДВЕ СЕЗОНИ НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Њујорк, (Вараети)

„Емили во Париз“ ќе има уште најмалку две сезони на „Нетфликс“. Иако серијата беше обвинета за ширење стереотипи и не помина најдобро кај критичарите, стриминг гигантот ја обнови за третата и четвртата сезона.

Втората сезона, во која Емили (Лили Колинс) патува од Париз на Азурниот Брег, беше објавена на 22 декември и во првите четири дена била најгледаната содржина на „Нетфликс“ во 94 држави. Снимањето на следната сезона почнува напролет.

„Емили во Париз“ имаше премиера во октомври 2020 и стана моментален хит.