„АЕРОСМИТ“ ОБЈАВИ ДЕКА ОДИ НА ПРОШТАЛНА ТУРНЕЈА

Бостон, (АП)

Легендарниот американски рок бенд „Аеросмит“ објави проштална турнеја со која ќе одбележи повеќе од пет децении работа.

Ова не е збогум, туку мирно излегување. Бидете подготвени, ќе ги добиете најдобрите концерти на нашите животи“, соопшти групата, чии членови се веќе во свои 70-ти години.

Турнејата содржи 40 датуми во Северна Америка, почнувајќи од Филаделфија на 2 септември, но засега не е најавено дека групата за последен пат ќе дојде и во Европа.

Мислам дека е време. Ова е шанса да прославиме 50 години заедничка работа. Никогаш не можеш да знаеш уште колку долго ќе бидеш здрав за да го правиш ова“, изјави гитаристот Џо Пери, еден од основачите на групата во 1970.

Минатата година, „Аеросмит“ откажа дел од настапите во Лас Вегас откако 75-годишниот пејач Стивен Тајлер отиде на рехабилитација.

(Фото: Гети)