Албумот „Агол“ на „Парусион груп“, предводен од тапанарот Михаил Парушев, се најде на музичките платформи на шведската издавачка куќа „Темпо продукција“. Концертната промоција на албумот се одржа во Скопје во јуни 2022.
„На албумот ‘Агол’ има седум авторски композиции со модерен етнофјужн балкански џез. Го снимивме во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. На албумот свират Зоран Костадиновски, Дамир Имери, Дарко Мучев, Петар Христов, Сенад Усеин, Михајло Михајловски, Сања Смилеска и Фјола Исмаили“, вели Парушев.
Неодамна, „Парусион“ ја сними песната „Чиста љубов“ (Pure Love), на која како вокал гостува Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД.