АМЕРИКАНСКИОТ ЏИПСИ ПАНК БЕНД „КУЛТУР ШОК“ НА 15 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По минатогодишниот урнебесен концерт на „Гогол бордело“, во Скопје доаѓаат уште едни ветерани на џипси панк звукот.

На 15 април, во Младински културен центар ќе настапи „Култур шок“, бенд од Сиетл со балкански корени, кој во својот звук комбинира рок, метал и панк со традиционалната музика од овие простори. Формирани во 1996 година, тие досега имаат издадено шест студиски албуми, а во групата моментално има членови со потекло од БиХ, Бугарија, Индонезија и САД.

„Со седиште во културно, можеби, најразновидниот и најпрогресивен град во САД, Сиетл и делумно составен од имигранти кои носат големи влијанија од сопствените култури, бендот со тек на времето има развиено сосема нов музички жанр“, се вели во најавата на концертот.

Билетите по цена од 300 денари ќе почнат да се продаваат на 31 март, по што ќе бидат 400 и 500 денари.