АНА ВАНЧEВСКА И АЛЕКСЕЈ ИВАНОВСКИ ОД БИТОЛА ОДАТ НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ ВО ШПАНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг, а ги избра Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција. Евросонг ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид.

 

„Ана и Алексеј имаат извонреден талент и хармонични гласови“, велат од МРТ.

Ванчевска има 14 години и веќе има учествувано на музички фестивали. Годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија за фестивалот Сан Ремо јуниор во Италија.

 

„Покрај музичкиот успех, таа е добитничка на повеќе државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти. Алексеј има 13 години и досега има победено на неколку музички фестивали. Активен е на бројни општински, регионални и државни натпревари по математика, англиски и француски“, додаваат од МРТ.