Анна Кондратенко ќе биде солист и диригентка на концертот по повод Меѓународниот ден на жената, на 6 март од 20 часот во Филхармонијата.
На концертот наречен „Бајка“ кој е посветен на жените на програмата е делото „Come in!“ за виолинa и оркестар во 6 става од рускиот композитор Владимир Мартинов и филмска музика од грузискиот композитор Гиа Канчели: „Letters to friend’s“ („Писма до пријателите).
Кондратенко е концерт-мајстор во Филхармонијата. Родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Своето музичко образование го започнува во Специјалната музичка школа во класите на О.Марченко и на А.Гвоздев, а продолжува во класата на проф. В. Третјаков на Високата музичка школа во Келн, каде што дипломира во 2004.