„Ареа“ ќе одржи концерт во Охрид во Античкиот театар на 31 јули во рамките на концертната програма на годинашниот „С.О.С. фестивал“, објави продукцијата „Фреш унион“.
Влезниците се во продажба на wayin.mk.
Минатата година „Ареа“ го преработи својот хит „Очи ангелски“, кој е снимен пред 26 години, овојпат во дует со младиот рапер и пејач Јанг Дади. По повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“, рок бендот одржа концерт во Скопје.