БАСИСТКАТА АНДРЕА МИРЧЕСКА ДОБИ ЗЛАТЕН ОРИКС ЗА НАЈДОБАР МЛАД ЏЕЗ МУЗИЧАР ЗА 2019

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Басистката Андреа Мирческа е годинашна добитничка на наградата Златен орикс, што на најдобар млад џез музичар ја доделува Скопски џез фестивал. Оваа награда беше воведена пред две години и претходно ја имаат добиено тапанарот Виктор Филиповски и пијанистот Филип Димишковски.

Дваесет и едногодишната Мирческа студира џез контрабас и е апсолвентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Освен што има свирено со „Летечки пекинезери“ и триото на Јордан Костов, таа е дел и од „Шамба“, новиот авторски проект на гитаристот Бојан Петков.

Златен орикс ќе ѝ биде врачен на Мирческа на 15 октомври, на посебен настан во Младински културен центар. Два дена подоцна стартува и Скопскиот џез фестивал и ќе трае до 20 октомври.