Басистот Сајмон Галуп објави дека ја напуштил групата „Кјур“ по речиси 40 години.
„Со тешко срце објавувам дека веќе не сум член на ‘Кјур‘. Со среќа на сите!“, напиша Галуп на Фејсбук, негирајќи дека повлекувањето е од здравствени причини.
„Добар сум. Се заситив од предавства“.
„Кјур“ засега не го коментираше заминувањето на Галуп, но фронтменот Роберт Смит во 2018 година изјави дека без Галуп, групата нема да се вика „Кјур“.
Галуп му се придружи на бендот набргу по објавувањето на деби албумот „Three Imaginary Boys“ во 1979 година и свиреше на наредните три албуми, пред привремено да си замине во 1982 поради тензиите со Смит. Во 1984 година се врати во групата и оттогаш беше постојан член.