БЕНДОТ „КОРПОРАЦИЈА ВАГИНА“ ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ КОНЦЕРТЕН ФИЛМ „ДАЛИ ОВА Е ЖИВО?“ НА ЈУТЈУБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот бенд „Корпорација вагина“ (Vagina Corporation) го објави својот 55-минутен концертен филм „Дали ова е живо?“ на Јутјуб. Филмот премиерно се прикажа во Кинотеката на 11 февруари, а како албум го има во ЦД-формат, издаден од музичкиот колектив „Гола планина“.

Дали ова е живо?“ е снимен во живо на 14 декември 2023 во Дали апартментс“ во Скопје.

Во „Корпорација вагина“ членуваат Лука Јовановски (вокал, гитара), Филип Павловски (гитара, ефекти, вокал), Борјан Гаговски (бас гитара) и Дарио Циевски (тапани). Гостински пејачи на албумот се Мартин Џорлев, Добрила Грашеска и Бојана Мицеска.

Албумот е снимен од Ивица Јанкуловски-Штраф и Раде Биковски, додека видеото е режирано и монтирано од Андреј Богатиноски.