БИЈОНСЕ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ТУРНЕЈА ПО СЕДУМ ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Аренби дивата Бијонсе ја објави својата прва соло турнеја во последните седум години, која следува по излегувањето на фалениот албум „Ренесанса“. Стадионската турнеја ќе почне на 10 мај во Стокхолм и ќе опфати 42 града во Европа и Северна Америка.

Бијонсе го објави седмиот студиски албум „Ренесанса“ во мај и се очекува голема побарувачка по билети за претстојната турнеја, бидејќи ѝ е прва од 2016. Во меѓувреме, беше главна ѕвезда на фестивалот Коачела во 2018.

Таа ќе настапи во 14 европски града, при што само во Лондон ќе има два концерта.

(Фото: Гети)