Долгоочекуваното продолжение на проектот „Ренесанса“ на Бијонсе беше најавен во реклама за време на Супербоулот во Лас Вегас. Набргу по рекламата на телекомуникацискиот гигант „Верајзон“, Бијонсе објави две нови песни.
Албумот ќе излезе на 29 март и се очекува да има кантри призвук. Таа неодамна го промовираше новиот кантри имиџ на доделувањето на музичките награди Греми.
„Ренесанса“ беше објавен во јули 2022, по што Бијонсе откри дека тоа ќе биде трилогија. Овој албум ѝ ја донесе рекордната 32. Греми награда и беше проследен со светска турнеја, за која беше снимен и филм.
(Фото: Гети)