БИЈОНСЕ ОДРЖА ПРИВАТЕН КОНЦЕРТ ВО ДУБАИ ЗА 24 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Дубаи, (Би-Би-Си)

Бијонсе го одржа првиот концерт по пет години пауза, но изборот на локацијата ги подели нејзините фанови.

Аренби дивата беше главната ѕвезда на приватниот концерт во Дубаи, со кој беше означено отворањето на луксузниот хотел „Атлантис ројал“, за што наводно добила хонорар од 24 милиони долари. На ексклузивниот концерт присуствувале 1.500 луѓе и снимањето било забрането, но на социјалните мрежи, сепак, се појавија снимки.

Бијонсе настапи на отворањето на луксузниот хотел „Атлантис ројал“ (Фото: Гети)

Многумина фанови не се среќни со фактот што Бијонсе настапи во држава која има строги закони против истополовите врски. Во исто време, нејзиниот последен албум „Ренесанса“ ја слави црната квир култура и ѝ оддава почит на денс музиката која произлезе од геј заедницата.

(Фото: Гети)