Музичката тема од новиот филм за Џејмс Бонд беше објавена на полноќ, два месеца пред неговата премиера.

„Не е време за умирање“, што ја пее Били Ајлиш, е драматична, мрачна балада која зборува за лаги и измама.

Ајлиш, која во декември наполни 18 години, е најмладата пејачка која снимила песна за серијалот. Таа ја напиша и продуцираше песната заедно со својот постар брат Финис, кој ѝ е редовен музички соработник.

„Свесно и несвесно, се обидувавме да направиме Бонд тема за нашите животи“, изјави Ајлиш, која во јануари освои пет Греми награди за својот дебитантски албум.

Таа за првпат ќе ја изведе песната во живо на Британските музички награди следната недела, кога ќе ја придружуваат композиторот Ханс Цимер и поранешниот гитарист на „Смитс“, Џони Мар.